Muhammet Emin Avundukluoğlu
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АНКАРА
Турското Претседателство денес поднесе предлог до Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) за распоредување на турските трупи во Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со предлогот, испратен со потпис на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се бара распоредување на трупите на една година, за одржување на мирот во регионот Нагорно Карабах.
„Распоредувањето на трупите ќе биде за корист и благосостојба на народот во регионот", се вели во предлогот, во кој се додава дека ќе биде исто така од националните интереси на Турција.
Предлогот утре ќе биде ставен на гласање во ТБММ.
Односите меѓу двете поранешни советски републики околу регионот Нагорно Карабах се тензични од 1991 година, но на 27 септември започнаа нови судири.
Оттогаш, Ерменија континуирано вршеше напади врз азербејџанските цивили и трупи, прекршувајќи на тој начин три договори за хуманитарен прекин на огнот.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин објави дека Азербејџан и Ерменија потпишале договор за ставање крај на конфликтот во Нагорно Карабах.