Yunus Okur
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ЕРЗУРУМ (АА) - Граѓаните во шест турски области во источниот дел на Анадолија, и покрај врнежите од снег и дожд, излегуваат да го исполнат своето гласачко право, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од метеоролошките станици во 12 области во Турција, денеска за време на локалните избори во Турција се очекува времето да биде облачно, на некои места проследено со врнежи од дожд, а во источниот дел на земјата и со повремени врнежи од снег.
Во околината на Ерзурум, Ерзинџан, Карс, Агри, Игдир и Ардахан има појава на врнежи од снег и дожд, додека температурите на воздухот се очекуваат да бидат според сезонските норми.
Синоќа најниски температури беа измерени во Игдир - 4, Ерзинџан - 2, Агри 0 степени, Ерзурум и Карс -2 и во Ардахан -7 степени Целзиусови.
Се претпоставува дека највисоката дневна температура во источниот дел на земјата ќе изнесува 11 степени во Ерзинџан, 9 во Игдир, 4 во Агри, 3 во Ерзурум, 2 во Ардахан и 1 во Карс.
Надлежните посочуваат дека во текот на денот се можни голомразици и повремени појави на магла, упатувајќи на претпазливост поради можната појава на лавини.