Duygu Yener,Ferdi Türkten
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турција денеска го одбележува националниот празник Ден на националниот суверенитет и Денот на детето, а воедно и 96-годишнината од основањето на Националното собрание на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод, претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Kaхраман Гранд ја предводеше делегацијата на официјални претставници во посета на мавзолејот на Ататурк во Антикабир,каде што со интонирање на националната химна и полагање на венец, беше одадена почит на основачот на модерната турска држава и нејзин прв претседател Кемал Ататурк.
Покрај Кахраман, Aнтикабир го посети и премиерот Ахмет Давутоглу, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, лидерот на опозициската Национална народна партија (МХП) Девлет Бахчели, вицепремиери и бројни официјални претставници.
Со интонирање на националната химна и полагање на венец, беше оддадена почит на основачот на модерната турска држава и нејзин прв претседател Кемал Ататурк.
За време на церемонијата пред мавзолејот на Ататурк беа присутни и голем број на деца. Премиерот Давутоглу, по напуштањето на мавзолејот ги поздрави и им го честиташе овој ден.
Државниот празник на националниот суверенитет и ден на детето се слави на 23 април, денот кога во 1920 година се отвори турското Големо Национално Собрание. Овој датум се празнува во присуство на децата од целиот свет.