Sena Güler
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција одговори на изјавите на Европската унија (ЕУ) за чекорите на Турција во северниот дел на Сирија и на Источниот Медитеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние во целост ги одбиваме и ги осудуваме одлуктие на Советот за надворешни работи на ЕУ донесени под наслов „Североисточна Сирија и активностите на дупчење на Турција во Источниот Медитеран", како и сите апели направени за нашата земја“, се вели во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција.
Во соопштението се нагласува дека блокот од 28 земји членки нема право да ѝ држи лекции на Турција за борбата против терористите.
„Ние сериозно ќе ја разгледаме нашата соработка со ЕУ во некои области поради нејзиниот незаконски и пристрасен став“, се додава во ова соопштение.
Исто така, се вели дека е неприфатливо да се карактеризира како илегална активноста на Турција за истражување и дупчење во Источниот Медитеран, за заштита на нејзините права и правата на кипарските Турци.
Инаку, Советот за надворешни работи на ЕУ денес истакна дека безбедносните загрижености на Турција во североисточниот дел на Сирија треба да се решат на политички и дипломатски начин, а не преку воени акции.
Советот нагласи дека Турција треба да ја запре нејзината операција против терористите во североисточниот дел на Сирија и да ги повлече своите сили.