Mehmet Yavaş
08 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, во турската област Чанаккале, фатени се 44 непријавени мигранти кои се обиделе илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските тимови организираа акција на подрачјето во местото Бадемли. Мигрантите, меѓу кои има и жени и деца, се со потекло од Авганистан.
Мигрантите се предадени на Центарот за враќање странци во Ајваџик.