МАЛАТЈА (АА) - Волкан КАШИК
Турција, која води активна и одлучна борба против терористичката организација ДЕАШ, минатиот месец, преку операциите што безбедносните сили ги спроведоа на целата територија на земјата, спречувајќи ги планираните активности, ѝ зададе голем удар на организацијата.
Турција одлучно ја продолжува својата борба против терористичката организација ДЕАШ. Безбедносните сили кои без престан ги спроведуваат своите операции, минатиот месец, во повеќе градови од земјата, првенствено во Бурса, Истанбул, Анкара и Самсун, спроведоа истовремени успешни акции, не оставајќи им простор за бегство на припадниците на организацијата.
Според информациите до кои дојде Аnadolu Agency (AА), екипите на полицијата, жандармеријата и граничните единици, во операциите што ги спроведоа во февруари привеле 212 лица, меѓу кои се наоѓаат и странски државјани, кои наводно се одговорни лица во организацијата. На локациите на кои беа приведени осомничените, запленети се голем број документи и дигитален материјал на организацијата.

По извршените операции на безбедносните сили и спроведувањето пред суд, од осомничените се притворени 15 лица.
Некои од обвинетите се депортирани, додека за дел од нив, сѐ уште траат постапките во судските органи.
Во текот на операциите се неутрализирани 22 припадници на ДЕАШ.
- Операции во февруари
Граничните единици кои се дел од Турските вооружени сили, фатија 4 припадници на ДЕАШ кои во подрачјето на местото Акчакале, во областа Шанлиурфа, во близина на границата со Сирија се обидуваа на илегален начин да ја напуштат Турција. Безбедносните сили при идентификацијата утврдиле дека за тројца од нив веќе била издадена потерница за фаќање. Осомничените потоа биле пренесени во суд, кој им одреди притвор.
Демет Т. (25), терористка на ДЕАШ, која минатата година во местото Џејланпинар во Шанлиурфа, самата им се предаде на безбедносните сили и по излегувањето пред суд беше пуштена на слобода, овој пат врз основа на изјава на друг член на организацијата е приведена и испратена во притвор.
Лицето што беше фатено за време на операциите спроведени во областа Болу, испратено е во притвор.
Во операциите против ДЕАШ во областа Сакарја, приведени се 7 сомнителни лица со потекло од Ирак, од кои за 6-мина е донесена одлука за притвор.
Во операциите насочени против терористичката организација ДЕАШ, спроведени во местото Османгази во турската област Бурса, фатени се 52 сомнителни лица со потекло од Сирија.
Во операциите против ДЕАШ спроведени во Истанбул, приведени се 22 лица за кои постоело сомневање дека се симпатизери на терористичката организација.
Во операциите на безбедносните сили спроведени во Самсун, Анкара, Шанлиурфа, Елазиг и Коња, фатени се 39 осомничени за членување во терористичката организација ДЕАШ, меѓу кои се наоѓале и странски државјани.
При рутинска контрола на патен правец во Коња жандармеријата го приведе лицето Мехмет Акиф Ќок, кој по судскиот процес подигнат по операцијата во 2017 година кога во подрачјето на Коња беа неутрализирани 5 припадници на ДЕАШ, судот подигна судска постапка, во која тој е осуден на 5 години затвор.
Во операциите против ДЕАШ во Бурса фатено е лицето И. Т., за кое се тврди дека е одговорно за повеќе припадници на терористичката организација во одредени подрачја на Сирија и дека има командно ниво во организацијата.
- Жените барани од Интерпол, се криеле во Бурса
Во операциите против ДЕАШ изведени во турската област Бурса, фатени се 4 лица, меѓу кои и 2 жени од црвениот и синиот билтен на барани лица на Интерпол.
Во активностите што ги спроведоа екипите на канцеларијата на Националната разузнавачка служба за областа Бурса, откриено е дека во подрачјето на Мудања пристигнале и во еден дом се криеле лица, меѓу кои и припадници на терористичката организација ДЕАШ, кои спроведуваат операции во Сирија.
По оваа информација, обласната Канцеларија за борба против тероризмот спроведе операција на конкретната адреса.
Во операцијата се фатени 4 лица, Холанѓанката Л. Ф. и С. Д. со мароканско и холандско државјанство - и двете жени се обвинети за пружање помош и заштита, потоа Холанѓанката А. К. со ирачко потекло и Ирачанецот М. О. К..
Осомничените жени, Л. Ф. и С. Д. се наоѓаат на црвениот и синиот билтен на Интерпол. Кај осомничените се пронајдени фалсификувани странски документи за идентификација.
По спроведената процедура во полицијата, двете осомничени жени се спроведени во суд, при што им е одреден притвор, додека другите две лица се пуштени да се бранат од слобода.
- Период на судски процеси против припадниците на ДЕАШ
Судот во Киршехир, под обвинение „членство во терористичка организација“, на тројца осомничени, кои во структурата на ДЕАШ во Ирак се таканаречени „заменици воени наредбодавачи“ ги осуди, секој одделно, на 6 години и 3 месеци затвор.
Во судскиот процес во Газиантеп во врска со запленетите 5 тони и 100 килограми амониум нитрат и различни видови оружје и муниција, судот четворицата осомничени ги осуди на затворски казни во времетраење од 5 години до 17 години и 6 месеци и парични казни.
Во судскиот процес што се води во врска со настанот пред 2 години во Газиантеп, кога беа запленети 150 килограми експлозив подготвен во 24 „елеци за бомбаши самоубијци“, 14 килограми експлозив ТНТ и различни продукти за производство на бомби, судот тројцата осомничени ги осуди на затворски казни кои се менуваат во времетаење од 2 години и 2 месеца до 23 години и 4 месеци.
За лицето со сириско потекло што беше фатено во Коџаели, за кое постои сомнение дека е припадник на ДЕАШ и во периодот од 2015 до 2017 година учествувал во активностите на организацијата во Ирак и Сирија, бил одговорен за егзекуциите и ги обучувал новите припадници во организацијата, судот му досуди затворска казна во висина од 7 години и 6 месеци.
На лицето фатено во Адана, под обвинение дека е припадник на терористичката организација ДЕАШ, судот му досуди затворска казна во времетраење од 6 години и 3 месеци.