Yusuf Şahbaz
04 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ИЗМИР (АА) - Во обид на илегален премин од Турција во Грција во водите на Егејското море фатени 118 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу 118 странски државјани се наоѓаат и Сиријци кои спасот од зафатената од војна земја се обидуваат да го пронајдат во некоја европска земја.
Тимовите на Крајбрежната стража добија дојава дека во близина на Дикили, во турската област Измир, е забележан гумен чамец на кој се наоѓале 21 сириски државјанин.
Меѓу нив се наоѓаа и голем број жени и деца. Уште 87 илегални мигранти се фатени на подрачјето на Кушадаси и Дидим.