Burcu Çalık
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
АНКАРА (АА) - Припадниците на Турските вооружени сили (ТСК) во периодот од 27 јули до 3 август неутрализираа 46 припадници на терористичката организација ПКК, меѓу кои и двајца т.н. лидери на оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Генералштабот на Турција, на безбедносните сили се предал Бехтин Билен, терористот со кодно име „Дијар“, кој во рамките на терористичката структура бил одговорен за „односи со јавноста“ во еден дел од југоисточна Турција, додека Јилмаз Keс, со кодно име „Соко“ е убиен во судир со безбедносните сили.
Во операциите во источниот и југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак уништени се 41 терористичко скривалиште и запленето е големо количество муниција од различен калибар и неколку десетици парчиња оружје.
Запленети беа 13 килограми дрога и поголем износ на шверцувани цигари, што е инаку извор на финансирањето на терористичката организација ПКК.
Силите на сириската опозиција со поддршка на турската армија контролираат повеќе од две илјади квадратни километри во подрачјето меѓу Азаз и Џарабулус, кое претходно беше исчистено од од терористичките елементи, како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“.