Selma Kasap
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку петмиа припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во воздушните напади кои ги изведоа утринава турските воздухопловни сили врз терористичките кампови во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните сили ги гаѓале новооткриените скривалишта на терористите на периферијата од подрачјето Јуксекова, во турската област Хакќари.
Слични напади се изведени и на терористичките кампови во планинскиот регион Зап во северен Ирак.
Во соопштението се наведува дека операциите се успешно спроведени и дека борбата против тероризмот во тој регион продолжува.
Терористичката организација ПКК е на списокот на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија. Освен во Турција, ПКК делува и во северен Ирак и Сирија, каде што дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
Планините Кандил, Гара, Метин и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, по должината на ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое е познато како колевка на терористичкото движење ПКК. Тоа е област позната како колевка на терористичкото движење ПКК.