İsa Toprak
29 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
АНКАРА
Безбедносните сили на Турција приведоа три лица во обид за нелегален премин во Грција, меѓу кои едно лице припадник на терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција е наведено дека граничните сили во западниот град Едрене привеле три лица, кои се обиделе нелегално да преминат од Турција во Грција.
Со дополнителни проверки е утврдено дека меѓу приведените се наоѓа и еден припадник на терористичката организација ПКК/КЏК.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.