Kemal Karadağ
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АНКАРА
Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД) соопшти дека во земјотресот во Измир загинаа 69 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
АФАД претходно соопшти дека се потврдени 949 лица, од кои 729 се отпуштени од болница, а 220 се задржани на лекување.
Акциите на спасување и понатаму траат во осум згради. По силниот земјотрес кој Измир го погоди во петокот, следуваа 987 потресувања на тлото, од кои 43 посилни од четири степени.