Özgür Ayaydın
17 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
ШИРНАК (АА) – Четири лица ги изгубија животите во експлозија во подрачјето на Силопи, во Ширнак, југоисточна Турција, како резултат на терористички напад на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Кабинетот на гувернерот на Ширнак, околу 18.35 часот по локално време на локацијата Куртик Тепе, дошло до експлозија на цивилно пикап возило со детонирање на рачно изработена експлозивна направа, претходно поставена на патот од терористите на ПКК.
Пикап возилото превезувало гориво за фирма-изведувач што работела на изградба на патот во областа Силопи, кој води кон планината Џуди.
Во соопштението се истакнува дека во терористичкиот напад животот го загубиле работници од подрачјето на Гучликонук.