Anıl Kuru,Ahmet Akbıyık
06 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
КОЊА (АА) - Најмалку 38 лица се повредени во две верижни сообраќајни несреќи во Коња, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судирот учествувале над 40 возила, меѓу кои и градски автобус и организиран превоз на работници. До несреќата дошло поради густата магла и поради поледицата на коловозот.
Повредените лица се хоспитализирани, а некои од нив се во животна опасност.
Полициските екипи вршат увид на местото на несреќата, а делницата е затворена за сообраќај.