Zafer Tayfur
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
ВАН (AA) – Во дистриктот Башкале, во Ван, фатени се 43 непријавени мигранти, кои во Турција влегле преку илегален пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните функционери изјавија дека во населбата Каскол, во близина на границата со Иран, запрена е група мигранти кои пешачеле.
За време на контролата, утврдено е дека мигрантите, меѓу кои се и девет деца, по потекло од Авганистан и Пакистан, во земјата влегле преку илегален пат.
Припадниците на безбедносните сили им пружија помош во вид на храна и вода, а потоа имаа лекарски преглед.
Мигрантите се предадени на Управата за миграции во Ван.