Ali Murat Alhas
23 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
АНТАЛИЈА
Вкупно 301 хотел доби Сертификат за безбеден туризам во турскиот град Анталија, кој често е опишуван како главиот град на туризмот во Турција и познат по плажите со сино знаме, историските места и артифактите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од мерките усвоени против новиот вид коронавирус (Ковид-19), овој туристички град нуди можности за безбеден туризам за домашните и странските посетители благгодарение на Програмата за Сертификација за безбеден туризам започната од страна на турското Министерство за надворешни работи, Министерството за туризам и култура, Министерството за здравство и Министерството за транспорт, заедно со бизнисмени од овој сектор.
Туристичкиот сектор во Анталија оствари раст откако домашните туристи како и украинските и британските посетители почнаа да доаѓаат во голема мера во градот, престојувајќи во хотелите вклучени во оваа програма.
Според податоците добиени од Агенцијата за туризам, промоција и развој на Турција, вкупно 491 објекти за сместување досега аплицирале за сертификација и 301 од нив добиле официјален документ. Процесот на документација е во тек и за останатите објекти.
Исто така, 30 ресторани и кафулиња добиле документ за своите бизниси и во тек е процесот и за 36 од нив.
Улкај Атмаџа, директор на Здружението на професионални хотелски менаџери, во изјава за Агенција Анадолија (АА) истакна дека хотелите брзо ја сфатиле важноста на прилагодувањето на нивните објекти среде пандемијата на Ковид-19, а на тој начин ја разгледаат нивната организациска структура во оваа насока.
Нагласувајќи дека туристите побарале да престојуваат во хотели со цертификат за безбедност, Атмаџа рече дека мерките ги исполниле очекувањата на домашните и меѓународните туристи кои бараат да уживаат во одмор без проблеми во туристичкито град.
Тој додаде дека 25.000 работници вработени во секторот на туризмот се стекнале со онлајн обука во согласност со програмата за цертификација.
Меѓу другото, Еркан Јагиџо, претседател на Сојузот на хотелиери и тур оператори на Медитеранот, истакна дека сите туристички објекти се свесни за важноста на оваа сертификација.
Јагџи нагласи дека голема важност е придадена на прашањата како хигиена, дезинфекција и социјална дистанца.