Barış Kılıç,Aylin Sırıklı
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) - Имотот на околу три илјади судии и обвинители, кои се под истрага по државниот удар кој се обиде да го спроведе група воени лица лојални на терористичка организација ФЕТО, ќе биде блокиран, јавува Anadolu Agency (AA).
Имотот на околу три илјади судии и обвинители кои се суспендирани од страна на Врховниот совет на судии и обвинители на Република Турција (HSYK), е блокиран со одлука на судот по барање на Републичкото обвинителство во Анкара.
Судиите и обвинителите кои се опфатени со одлуката нема да можат да располагаат со движниот и недвижен имот, сите видови банкарски сметки и други финансиски институции, побарувања, хартии од вредност, акции и права на друг имот.