Sertaç Bulur
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 109, соопшти Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од АФАД се наведува дека по земјотресот со јачина од 6,6 степени, кој во петокот на 30 октомври го погоди Измир, регистрирани се 1.562 потреси на тлото, од кои 44 со јачина над четири степени.
Соопштено дека вкупно 138 лица се наоѓаат на лекување, додека 898 лица се отпуштени од болница.
Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 13 од 17 згради, продолжуваат во уште 4 згради.
Во петокот, земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, со популација од околу 4,37 милиони.