Elif Küçük,Mehmet Kara
13 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Една од жителите на Истанбул, која се бореше да го спречи обидот на ФЕТО на 15 јули 2016 година, беше и Адвије Ѓул Исмаилоглу...
Исмаилоглу и покрај нејзината млада возраст била свесна дека Турција не заслужува обид за државен удар. Таа го напуштила својот дом во истанбулскиот кварт Фатих заедно со својата мајка, татко и постарата сестра по повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган да се излезе на плоштадите.
Откако излегла од дома заедно со своето семејство со турското знаме во раката и на грбот, се движела кон зградата на Општината во Истанбул, во Сарачхане, за заедно со другите граѓани да им се спротивстават на припадниците на терористичката организација, кои носеле воени униформи.
„Да се стане шехид е најчесната смрт“, вели Исмаилоглу.
Младата девојка се здоби со сериозна повреда од куршум во левата рака како резултат на огнот што го отворија пучистите додека во паркот „Сарачхане“.
Таа за Агенција Анадолија (АА) раскажа што доживеала таа ноќ.
„Пред да заминам од куќата, ја прашав мајка ми: ‘Ако умреме таму, дали ќе бидеме шехиди‘“, раскажува Исмаилоглу.
Таа ги опиша случувањата во Сарачхане таа вечер.
„Предавниците маскирани во војници поставија барикада пред општината. Не им дозволуваа на луѓето да минуваат. Околу 15-20 од нив клечеа пред воениот камион. Тие со пушки Г3 ги држеа на нишан луѓето. Околу 100-150 луѓе се обидуваа да ја пробијат барикадата, но секој пат кога некој ќе ја поминеше таа невидлива граница, тие почнуваа да пукаат во нивните нозе. Нормално е да се плашиш кога пукаат во тебе. Но, навистина немаше страв. Всушност, можам да кажам дека тоа е необјаснива храброст. Имав многу чудно расположение уште од дома. Се смеев чудно. Ми викаа: 'Адвије, што правиш? Земјата се распаѓа, зошто се смееш?' Но, ете не можев да не се смеам. Верував дека можам да се гордеам што се борам за својата земја. Можеби затоа имав волја во себе. Душата ми беше мирна.“
- „Кога бев застрелана, единствената желба ми беше да можам да продолжам да ја бранам својата татковина од пучистите“ -
Истакнувајќи дека куршуми „како дожд“ биле испукани врз нив додека се обидувале да се движат напред, Исмаилоглу рече дека видела дека луѓето се погодени во главата и срцето и дека во тој момент сфатила дека луѓето што пукаат врз народот не може да се војници.

Наведувајќи дека нејзиниот татко се обидувал да ги задржи на земја за да ги заштити од куршумите, Исмаилоглу, за моментот кога била погодена рече:
„Еден ранет падна покрај мене. Мислам дека беше застрелан во коленото. Го слушнав како вреска и инстинктивно станав за да помогнам. Кога станав, почувствував болка во грбот. Мислев дека сум застрелана во грбот, но куршумот влегол во мојата лева рака, и ги повредил двете бели дробови на врвот. Исто така на мојот грб имаше отвор од 15 см. Оттаму беше излезен куршумот. Затоа почувствував болка на грбот. Паднав на земја. Немав страв од смрт. Бев спокојна.“
Исмаилоглу рече дека прва помош ѝ е укажана во болница, а на Одделот за интензивна била во кома една недела.
Нагласувајќи дека лекарите биле зачудени како куршумот не нанел штета на 'рбетот или срцето, Исмаилоглу раскажува: „Мојот третман продолжи со месеци. Само што започнав во гимназија. Во изминатите години се оперирав уште два пати. Благодарам на Бога, сега сум добра.“
- „Не може да се справите со 14-годишно девојче“ -
Посочувајќи дека внимателно ги следела сопствените предмети во врска со ФЕТО, Исмаилоглу рече: „Откако ќе се вклучите во тие предмети, разбирате за какви луѓе станува збор. Тие со голема дрскост се однесуваа како да ние сме криминалци, предавници. Имав можност да зборувам на парницата. Го кажав она што сакав да го кажам таа вечер. Им реков: ‘Не можете да се справите со 14-годишно девојче. Како помисливте дека ќе ја заземете оваа огромна земја?“
Истакнувајќи дека 15 јули е пресвртница и за неа, како и за Турција, Адвије Ѓул Исмаилоглу рече: „Секогаш се трудев да не се заборави 15 јули. Ако не умрев таа вечер, ако преживеав, тоа треба да има некое значење. Требаше да раскажам за она што се случи таа вечер. Се обидов да бидам добра индивидуа за оваа земја, татковина. Ме прави горда што гледам и покажувам дека младите и жените се борат за својата земја.“