Tevfik Durul
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, ја повика администрацијата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да се откаже од непријателскиот став кон Турција и да ги знае своите граници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Аксој писмено одговори до прашањето упатено до турското МНР во врска со изјавата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ кое ја тагетираше Турција.
„Денешната изјава на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработна на ОАЕ е обид за прикривање на лицемерната политика на една земја која на пучистите им дава секаква поддршка“, рече Аксој, нагласувајќи дека Турција секогаш го почитувала политичкото единство и територијалниот интегритет на арапските земји.
Аксој рече дека со ова разбирање, стојат до легитимноста и во Либија и дека ги поддржуваат напорите за изаоѓање политички решение. Според него, Турција ќе продолжи со овој принципиелен став.
„Гадните и неоснованите обвинувања на администрацијата на ОАЕ против Турција всушност се производ на мотивот на оваа земја за прикривање на своите деструктивни активности“, нагласи Аксој, и додаде дека оваа земја со години нудела поддршка во оружје, воена опрема и платени војници за пучистите во Либија.
Тој истакна дека целата меѓународна заедница е информирана за активностите на ОАЕ кои ги нарушуваат меѓународниот мир, безбедност и стабилност не само во Либија туку во целиот регионо вклучувајќи го и Јемен, Сирија и Африканскиот рог.
„Во овој контекст, поддршката на ОАЕ за терористичките организации, пред се Ел Шебаб, и за сепаратистичките активности во Јемен не е тајна. Ја повикуваме администрацијата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да се откаже од непријателскиот став кон нашата земја и да ги знае своите граници. Уште една нагласуваме дека патот за обезбедување стабилност и безбедност во регионот поминува низ поддржување на Политичкиот договор на Либија и Владата на национално единство на Либија, а не преку поддржување на илегалните банди кои го таргетираат цивилите без да направат разлика“, рече Хами Аксој, портпарол на турското Министерство за надворешни работи.