Турција

Турско МНР: Чавушоглу укажа на застој на политичкиот процес од страна на сирискиот режим

„Туркије, во соработка со сите засегнати страни на меѓународната заедница, ќе продолжи да дава силен придонес во напорите за изнаоѓање трајно решение за овој конфликт во согласност со очекувањата на сирискиот народ“

Seda Sevencan  | 12.08.2022 - Обновена : 15.08.2022
Турско МНР: Чавушоглу укажа на застој на политичкиот процес од страна на сирискиот режим

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије е земјата која вложи најмногу напори за изнаоѓање решение за сирискиот конфликт во согласност со легитимните очекувања на народот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Одговарајќи на прашањето за пристапот на Туркије кон сирискиот конфликт, Танжу Билгич, портпаролот на Министерството за надворешни работи, изјави: „Во овој контекст, Туркије одигра водечка улога во одржувањето на примирјето на теренот и формирањето на Уставниот комитет преку процесите во Астана и Женева и даде целосна поддршка на опозицијата и на Комитетот за преговори во политичкиот процес.“

Билгич рече дека сирискиот режим го одолговлекува политичкиот процес, додавајќи дека и ставовите на министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, укажуваат на тоа.

Тој нагласи дека Туркије продолжува со напорите да подготви соодветни услови за доброволно и безбедно враќање на сириските бегалци и да најде решение за конфликтот во согласност со Мапата на патот утврдена во Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН.

„Туркије, во соработка со сите засегнати страни на меѓународната заедница, ќе продолжи да дава силен придонес во напорите за изнаоѓање трајно решение за овој конфликт во согласност со очекувањата на сирискиот народ“, истакна тој.

„Солидарноста на Туркије со сирискиот народ ќе продолжи“, додаде портпаролот.

Во обраќањето до новинарите на последниот ден од 13. Конференција на амбасадори во турскиот главен град Анкара вчера, Чавушоглу рече дека имал краток разговор со Фајсал Мекдад, министерот за надворешни работи на сирискиот режим, на состанокот на Движењето на неврзаните во октомври во главниот град на Србија, Белград, каде што на средбата разговараше и со други министри.

„Мораме некако да ги споиме опозицијата и режимот во Сирија за да постигнеме договор. Во спротивно, нема да има траен мир“, нагласи тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.