Burak Bir
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турција денес строго го осуди државниот удар во Мјанмар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за надворешни работи во писмено соопштение изјави дека земјата е длабоко загрижена поради преземањето на власта и дека Турција е против секаков вид државен удар и воена интервенција.
Со повик за итно ослободување на сите избрани лидери и цивили кои се приведени во пучот, Министерството повика новиот Парламент, формиран по слободна волја на народот, да се собере „што е можно побрзо“ и брзо да ги отстрани пречките поставени пред водачите и демократските институции.
Турското Министерство, исто така, изрази надеж дека овие случувања нема да ја влошат ситуацијата на муслиманите Рохинџи во Мјанмар.
Војската на Мјанмар утринава соопшти дека ја презела власта во земјата и дека ќе ја води земјата најмалку една година откако ги приведе врвните лидери на земјата.
Војската прогласи вонредна состојба неколку часа по приведувањето на државната советничка Аунг Сан Су Чи, претседателот Вин Мајнт и другите високи членови на владејачката партија Национална лига за демократија (NLD).