Турција

Турско Министерство за одбрана: „Нема повлекување на трупите од Идлиб“

- Турското Министерство за одбрана денеска објави дека планираното распоредување и сместување на трупите во деескалациската зона во Идлиб во северозападна Сирија продолжува и дека трупите од регионот не се повлекуваат

Firdevs Bulut  | 20.03.2020 - Обновена : 23.03.2020
Турско Министерство за одбрана: „Нема повлекување на трупите од Идлиб“

АНКАРА

Турското Министерство за одбрана денеска објави дека планираното распоредување и сместување на трупите во деескалациската зона во Идлиб во северозападна Сирија продолжува и дека трупите од регионот не се повлекуваат, јавува Агенција Анадолија (АА).

„За да се запре крвопролевањето и хуманитарната криза и да се осигура безбедноста на трупите, како и безбедното враќање на цивилите во нивните домови, сите одлуки преземени во рамките на Договорот од Москва ќе бидат имплементирани внимателно“, се вели во соопштението на Министерството.

Во соопштението се додава: „Турските вооружени сили продолжуваат со планираното распоредување и сместување на трупите во деескалациската зона во Идлиб, во согласност со прекинот на огнот на 6 март. Некои медиумски организации соопштуваат податоци во врска со повлекувањето на нашите трупи од регионот кои не се совпаѓаат со вистината.“

Во септември 2018 година Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија се строго забранети.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.