Orhan Onur Gemici
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 28 цели што терористите ги користеле како засолништа, бункери и складишта за муниција во регионот Асос во северен Ирак се уништени со воздушни напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението дадена од Министерството, со решителност продолжува ефективната и сеопфатна антитерористичка операција на Турските вооружени сили против сепаратистичката терористичка организација.
Во овој контекст, во активностите спроведени во координација со Националната разузнавачка агенција МИТ, утврдено е дека некои места во регионот Асос, лоцирани на северот од Ирак, се користени од страна на терористите.

Како резултат на воздушната операција организирана со учество на повеќе од 20 авиони, уништени се 28 цели што се состојат од засолништа, бункери, складишта за муниција и пештери што им припаѓаат на терористите.
Со воздушната операција зададен е тежок удар на терористичката организација во регионот. При операцијата користена е претежно национална муниција.
„Турските вооружени сили ќе продолжат да се борат против тероризмот за безбедноста на нашата земја и нација сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, се нагласува во соопштението на Министерството.