Davut Demircan
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 27 лица се приведени денес во паралелни операции во Истанбул поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопштија полициски извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осомничените се товарат за членување во терористичка организација и заговор за терористички напади, истакна изворот, кој побара да остане анонимен.
Во рамки на операциите полицијата спроведе рации на повеќе адреси во 15 дистрикта, при што запленети се голем број документи и дигитален материјал.
Во 2013 година, Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки напади и на четири вооружени напади, во кои загинаа најмалку 300 луѓе, а стотици беа повредени.
Како одговор на тоа Турција започна воени и полициски операции дома и во странство, за да спречи идни терористички напади.