Турција

Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак

Терористите на ПКК го користат северен Ирак како база за планирање на нивните прекугранични терористички напади во Турција

Erdoğan Çağatay Zontur  | 16.09.2019 - Обновена : 17.09.2019
Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Терористите се неутрализирани во регионот на Гара, во рамките на заедничката операција на Турските вооружени сили (TSK) и Националната разузнавачка служба (MIT)“, соопшти Министерството преку Твитер.

Терористите на ПКК го користат северен Ирак како база за планирање на нивните прекугранични терористички напади во Турција.

На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК во регионот на Хакурк во северен Ирак.

Во средината на јули и кон крајот на август, со истата цел турските сили ја започнаа и операцијата „Канџа-2“ и „Канџа-3“ во северен Ирак.

Досега, во тековните операции неутрализирани се десетици терористи.

Во својата над 30-годиншна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.