Muhammed Boztepe
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека со координирани активности на Вооружените сили на Турција и Националната разузнавачка агенција на Турција (МИТ) во регионот Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани пет терористи на ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на координираната работа на Вооружените сили на Турција и Националната разузнавачка агенција, со воздушната операција во регионот Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани пет припадници на сепаратистичката организација ПКК“, се наведува во соопштението на Министерството.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени.