Турција

Турските сили неутрализираа пет терористи на ПКК во северен Ирак

„Идентификуваните 5 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК во северниот дел на Ирак, во регионите Авашин-Басјан и Хакурк, неутрализирани се со воздушна операција“

Muhammed Ali Toruntay  | 06.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Турските сили неутрализираа пет терористи на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 5 терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, во регионите Авашин-Басјан и Хакурк, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Нашите операции против терористичката организација ПКК продолжуваат решително. Идентификуваните 5 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК во северниот дел на Ирак, во регионите Авашин-Басјан и Хакурк, неутрализирани се со воздушна операција“, се нагласува во соопштението на Министерството.

Терористите на ПКК бараат засолниште во северен Ирак, близу турската граница, со цел да планираат терористички напади во Турција.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın