Турција

Турските сили неутрализираа пет терористи на ПКК

Генералштабот на турската Војска соопшти дека турските воздушни сили во изминатите 24 часа уништиле новооткриени засолништа на терористите на ПКК на периферјата на турската област Ширнак и во планинскиот регион Хакурк, на северниот дел на Ирак.

Faruk Zorlu  | 17.09.2018 - Обновена : 17.09.2018
Турските сили неутрализираа пет терористи на ПКК

Ankara

АНКАРА (АА) - Најмалку пет терористи се неутрализирани во воздушните операции кои турските сили ги извршија во југоисточниот дел на оваа земја и во крајниот северен дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералштабот на турската Војска утринава соопшти дека турските воздушни сили во изминатите 24 часа уништиле новооткриени засолништа на терористите на ПКК на периферјата на турската област Ширнак и во планинскиот регион Хакурк, на северниот дел на Ирак.

Во соопштението се наведува дека неутрализираните терористи подготвувале нови терористички напади врз позициите на турските погранични сили.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Харкук и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за лулка на терористичкото движење ПКК.

Турските сили и на тоа подрачје водат интензивна борба против таа терористичка група со почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın