Ali Murat Alhas
13 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Двајца вооружени терористи на ПКК се неутрализирани во операција во југоисточна Турција поддржана од воздух, објави рано утрово турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството соопшти дека терористите се неутрализирани во рамки на домашните безбедносни операции, а конфискувано е и големо количество муниција и опрема.
„Операциите во регионот се во тек“, се додава во соопштението на Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.