Tanju Özkaya
01 Мај 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 19 припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека одлучната борба против тероризмот продолжува.
„Во зоната на операцијата „Маслинова гранка“ идентификувани се и неутрализирани 16 терористи на ПКК кои подготвувале напад, а во зоната на операцијата „Извор на мирот“ нашите безбедносни сили неутрализираа уште тројца терористи“ се вели во соопштението.
Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија, со цел да се спречи формирање терористички коридор и да се обезбеди безбедна средина за враќање на раселените. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019 година).
Во текот на периодот подолг од 30 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.