Турција

Турските сили неутрализираа 11 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

Терористите отвориле вознемирувачки оган и се обиделе да се инфилтрираат во регионите на операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, со цел да го нарушат мирот и безбедноста

Zafer Fatih Beyaz  | 15.09.2020 - Обновена : 15.09.2020
Турските сили неутрализираа 11 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во северна Сирија неутрализирани се 11 терористи на ПКК/ЈПГ и дека нема да се дозволи влошување на мирната атмосфера и безбедноста во регионите на операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Од страна на нашите херојски командоси неутрализирани се 11 терористи на ПКК/ЈПГ, кои отворија вознемирувачки оган и се обидоа да се инфилтрираат во регионите на ‘Извор на мирот‘ и ‘Штитот на Еуфрат‘, со цел да го нарушат мирот и безбедноста. Нема да дозволиме влошување на мирната атмосфера и безбедноста во регионот“, се нагласува во соопштението на Министерството.

Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).

Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК и на северот на Ирак.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.