Турција

Турските сили нападнаа позиции на терористите на ПКК во северен Ирак

„Воените авиони ги нападнаа засолништата на терористичката организација и складиштата за муниција во регионот на Хакурк и Авашин-Басјан“

Can Erözden  | 06.05.2019 - Обновена : 07.05.2019
Турските сили нападнаа позиции на терористите на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - „Турските воени авиони гаѓаа позиции на терористичката ПКК во северен Ирак“, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Воените авиони ги нападнаа засолништата на терористичката организација и складиштата за муниција во регионот на Хакурк и Авашин-Басјан“, се додава од Министерството.

„Во одделна операција во источната турска област Тунџели, безбедносните сили уништија засолништа на ПКК“, објави Канцеларијата на гувернерот.

Безбедносните сили запленија експлозиви и деактивираа две импровизирани експлозивни направи пронајдени во засолништата.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца. ЈПГ/ПКК е нејзин сириски огранок. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın