Didar Yüsra Dilruba Öz
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија денес соопшти дека нападнала околу 94 позиции на ДЕАШ и девет на ПКК/ПЈД во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешните напади се дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“ која започна кон крајот на август со цел расчистување на северната границата со Сирија од терористите. Операцијата влезе во својот 65. ден.
Во акцијата, позициите на ДЕАШ и на ПКК/ПЈД биле нападнати од страна на опозициската Слободна сириска армија, со поддршка на турските тенкови, артилерија и авиони.
ПКК и неговиот сириски огранок ПЈД, се наоѓаат на листата терористички организации на Турција, иако САД и ЕУ за терористичка организација ја сметаат само ПКК.
Турски воени извори велат дека опозициските сили успеале да преземат контрола над областа Џабал Кирбат ал-Каниша, северозападно од Алепо. Двајца опозициски борци загинаа а 16 други беа повредени.
Во соопштението од армијата се додава дека во друг одвоен инцидент, во напад на ДЕАШ во областа Тувејс, североисточно од Алепо, полесно е ранет еден опозициски борец.
Од армијата се истакнува дека од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ неутрализирани се 31 мини и околу 1.360 импровизирани уреди во ослободените области.