Ferdi Türkten
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
АНКАРА (АА) - Со цел своето право за гласање на референдумот за уставни промени во Турција, закажан за 16 април, да го извршат турските државјани кои се во странство, на листата на држави во кои ќе се гласа се додадени Ирак, Сингапур и Луксембург. На тој начин, турските државјани во странство ќе можат да го дадат својот глас во 120 дипломатски претставништва, во 57 земји, во периодот од 27 март до 9 април.
Според информациите до кои дојде АА, во земјите во кои бројот на турските државјани е поголем од 500 лица, ќе се постават гласачки кутии.
Во тие рамки, на последните општи избори во Турција, кои се одржаа на 1 ноември 2015 година, турските државјани можеа да го остварат правото на глас во 113 дипломатски претставништва во 54 земји. На оваа бројка се додадени турските дипломатски претставништва во Ирак, Сингапур и во Луксембург.
Гласањето во дипломатските претставништва и на границите ќе започне на 27 март. Гласањето во дипломатските претставништва ќе трае до 9 март, а пак гласањето на границите ќе може да се изврши до 16 април.
Гласање во дипломатските претставништва во балканските земји:
Македонија – турска амбасада во Скопје / 8-9 април 2017
Албанија – турска амбасада во Тирана / 9 април 2017
Босна и Херцеговина – турска амбасада во Сараево / 8-9 април 2017
Бугарија – турска амбасада во Софија, конзулатите во Пловдив и во Бургас / 7-9 април 2017
Косово – турска амбасада во Приштина, конзулат во Призрен / 9 април 2017.
Грција – турски конзулати во Атина-Пиреј, Солун, Родос и во Ѓумурџина / 8-9 април 2017