Jeyhun Aliyev
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку 9 терористи на ЈПГ/ПКК во северен Ирак и северна Сирија, се соопштува од Министерството за национална одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тројца терористи беа неутрализирани во регионот на антитерористичката операција „Пенс-Каплан“ во северен Ирак, двајца беа неутрализирани во зоната на операцијата „Извор на мирот“, додека четворица терористи беа неутрализирани во регионот на операцијата „Маслинова гранка““, се вели во соопштението на Министерството.
Терористичката организација ПКК често се крие во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, каде што планира терористички напади во Турција.
Операциите на Пенс се серија офанзиви што Турција ги врши од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено против ПКК.
Операциите „Пенс-Каплан“ и „Пенс-Картал“ беа иницирани во јуни минатата година, додека „Пенс-Шимшек“ и „Пенс-Јилдирим“ беа лансирани овој април во ирачките региони Метина и Авасин-Басјан.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.