Ali Murat Alhas
18 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа цел на напад откако отворија оган врз зоната на турската антитерористичка операција „Извор на мирот““, соопшти Министерството на Твитер.
Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.