Meltem Yılmaz Karakurum
18 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
ТРАБЗОН
- Мелтем ЈИЛМАЗ КАРАКУРУМ
Природниот парк на езерото Лимни, еден од центрите за алтернативен туризам во областа Торул во Ѓумушхане, Турција, е домаќин на локални и странски туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Природниот парк на езерото Лимни, кое се наоѓа на надморска висина од 2.050 метри, на 65 километри од аеродромот во Трабзон и 45 километри од центарот на градот Ѓумушхане, се наоѓа на предградието на планината Зигана на историскиот „Пат на свилата“.

Природниот парк, вниманието на посетителите го привлекува со своето кратерско езеро и околните шуми од бор и смрека. Паркот оваа година подолго време беше покриен со снег.
Езерото Лимни на своите посетители им нуди различни сезонски убавини. Со затоплувањето на времето и топењето на снегот, деновиве во езерото почнаа да доминираат зелените тонови.
Езерото Лимни, едно од првите места на алтернативниот туризам во регионот, на домашните и странските туристи им нуди можност да поминат време со природата и да вкусат локални деликатеси.

- „Областа е посетена од локалните и туристите од заливските земји“
Абдула Ероглу, операторот на природниот парк на езерото Лимни, за Агенција Анадолија (AA) истакна дека паркот го води заедно со семејството.
Наведувајќи дека областа е развиена за околу шест години, Ероглу рече: „Објектите во областа, од мијалникот, па сѐ до собата за молитва, се надградени и развиени. Во областа сега имаме убав ресторан. Исто така, имаме погодни бунгалови за оние кои сакаат да останат.“
Рече дека во областа има излетнички места и дека продолжуваат да опслужуваат според сезонските услови.

Подвлекувајќи дека услугата во објектот е прекината за време на зимската сезона кога патиштата беа затворени поради снегот, Ероглу рече: „Откако се отворија патиштата, почнавме да ги опслужуваме нашите гости кои почнаа полека да доаѓаат.“
Осврнувајќи се на потенцијалот за посетители, Ероглу рече: „Областа најмногу ја посетуваат домашните туристи и граѓаните на земјите од Персискиот Залив. Има и луѓе кои доаѓаат од други земји, но тие се помалку.“

- „Странските туристи покажуваат поголем интерес“
Али Хафиз Сезгин, дојден од Ѓумушхане, истакна дека со доаѓањето на пролетта и топењето на снегот сакале да го посетат езерото Лимни.
Наведувајќи дела езерото Лимни е најубаво во овој временски период, Сезгин рече: „Овде има ресторан. Исто така, за пикник е можно да се донесе храна и пијалаци однадвор. Освен тоа, постои можност за сафари. Но, тоа започнува кон летото.“
Меѓу другото, Сезгин додаде дека и странските туристи покажале поголем интерес за езерото Лимни.