Sena Güler
02 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку 10 терористи на ПКК во воздушна операција во северен Ирак, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на соработката меѓу Турските вооружени сили и Националната разузнавачка агенција, 10 терористи на ПКК се детектирани во северниот ирачки регион Ќандил, каде што се неутрализирани во воздушна операција“, соопшти Министерството преку Твитер.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак, преку турската граница, за да планираат напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.