Mustafa Hatipoğlu
18 Декември 2023•Ажурирај: 18 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, замина во посета на оваа земја, јавува Анадолу.
Ердоган со приватниот авион „ТУР“, од аеродромот Ататурк во Истанбул, замина за Будимпешта.
Турскиот претседател е придружуван од сопругата Емине Ердоган; министерката за семејство и социјални услуги, Махунир Оздемир Ѓокташ; министерот за надворешни работи, Хакан Фидан; министерот за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар; министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја; министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој; министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер; министерот за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир; министерот за трговија, Омер Болат; шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, и други претставници.
Во овие рамки Ердоган и Орбан ќе копретседаваат со 6. состанок на Советот за соработка од високо ниво меѓу Туркије и Унгарија што ќе се одржи во Будимпешта.
На овој состанок се очекува да се разговара за чекорите што може да се направат со цел понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји и ќе се разгледаат сите димензии на односите меѓу Туркије и Унгарија.
На овие разговори претставниците ќе разменат мислења за билатералните односи и за актуелните регионални и глобални прашања.