Dilara Hamit
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес ги отфрли наводите за предвремени избори во земјата, истакнувајќи дека тие ќе се одржат во предвидениот период во јуни 2023 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во која развиена земја во светот се одржуваат избори вон утврдениот термин? Тоа се работи што ги прават племенските држави“, рече Ердоган.
Toj нагласи дека не доаѓа предвид датумот на изборите да биде поместен за порано.