Deniz Çiçek Palabıyık
25 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
АНКАРА (АА) - ДЕНИЗ ЧИЧЕК - Министерот за царина и трговија на Турција, Булент Туфенкџи, денес ги негираше наводите за затворањето на најголемиот граничен премин меѓу Турција и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во моментов, преминот не е затворен. На влез од Ирак се засилени мерките за безбедност и со подетален преглед, влезот во Турција е дозволен“, рече Tуфенкџи во изјавата за АА, коментирајќи ги медиумските написи за затворање на граничниот премин „Хабур“ поради неуставниот и контроверзен референдум што го организираат властите на Курдската регионална управа во северниот дел на Ирак.
Tуфенкџи истакна дека некои возачи на товарни возила и шлепери, поради загриженост одбиваат да ја преминат границата, и додаде дека надлежните турски институции ќе продолжат внимателно да ја следат ситуацијата и да преземаат соодветни мерки.