Zehra Aydın Turapoğlu
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека е пронајден и уапсен терористот Ерџан Бајат, еден од одговорните за терористичкиот напад во Рејханли, јавува Агенција Анадолија (AA).
Еден од соучесниците на нападот изведен во 2013 година на подрачјето на Рејханли во турската област Хатај, Ерџан Бајат, беше на листата на барани терористи.
Во нападот загинаа 53 лица. Тешко оштетени беа 912 објекти, 891 деловен простор и 148 возила.
Турскиот министер Сојлу додаде дека преку разговор со претставници на безбедносните сили, од 2016 година 768 лица ги напуштиле редовите на терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.