Burcu Çalık Göçümlü
01 Март 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека преку Едрене досега Турција на напуштиле 36.776 мигранти, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„До 21:02 часот по локално време преку Едрене нашата земја ја напуштија 36.776 мигранти“, наведе ресорниот турски министер Сојлу преку објава на Твитер.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција и претходно има упатено предупредување дека нема да може да го носи товарот на нов мигрантски бран и дека ќе мора да ги отвори границите доколку продолжи кризата и мигрантскиот бран од Сирија.
„Што рековме пред неколку месеци? Рековме дека ќе мора да ја отвориме границата ако кризата продолжи. Тие се вознемирија, но не ни поверуваа. Што направивме вчера? Ја отворивме. Речиси 18.000 мигранти до утрово ја минале границата“, рече Ердоган.
Тој порача дека Европската Унија мора да ги одржи ветувањата дадени на Турција во врска со мигрантската криза.