Турција

Турскиот министер за одбрана со честитки до Северна Македонија за членството во НАТО

„Турција уште од самиот почеток го поддржуваше овој процес и е подготвена да ги сподели искуствата, доколку е потребно“

Sarp Özer  | 30.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Турскиот министер за одбрана со честитки до Северна Македонија за членството во НАТО

АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, упати честитки до Северна Македонија за нејзиното полноправно членство во НАТО и за посветеноста и решителноста во процесот за членство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмото испратено до министерката за одбрана и вицепремиерка на Северна Македонија, Радмила Шекеринска-Јанковска, Акар истакнува: „Турција уште од самиот почеток го поддржуваше овој процес и е подготвена да ги сподели искуствата за членство, доколку е потребно“.

Акар во писмото испратено до Шекеринска нагласи дека членството на Северна Македонија го зајакнува НАТО.

„До вас, најновата членка на Алијансата, со најдобри желби ви посакувам добредојде во НАТО. Вашето членство го зајакнува НАТО. Покрај тоа, упатувам честитки до Северна Македонија за нејзината посветеност и решеност во процесот на членството. Како што знаете, Турција од самиот почеток го поддржуваше овој процес и доколку е потребно, подготвена е да ги сподели искуствата. Сигурен сум дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе ги развие билатералните односи меѓу Турција и Македонија.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.