Barış Gündoğan
16 Април 2022•Ажурирај: 17 Април 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, разговараше со својот украински колега, Олексеј Резников, за актуелната ситуација во со војна зафатената Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за одбрана на Турција е соопштено дека во телефонскиот разговор Акар ја истакнал важноста од што поскоро воспоставување примирје меѓу Русија и Украина.
„Акар укажа на итноста на евакуацијата на турските државјани и цивилите од копно и море и да се осигури дека комерцијалните бродови што чекаат во украинските пристаништа да можат безбедно да стигнат до Турција“, се наведува во соопштението.
Хулуси Акар, исто така, нагласи дека Турција ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош за Украина.
Турција е земја што има отворени комуникации и со Русија и со Украина, а покрена неколку иницијативи за воспоставување прекин на огнот и ставање крај на кризата во Украина.