Efsun Erbalaban Yılmaz
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
ИЗМИР (АА) ‒ Турски рибар е повреден во меѓународните води на Егејското Море кога грчките сили отвориле оган врз два рибарски чамци, соопшти денеска Командата на турската крајбрежната стража, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Член на екипажот на еден од двата турски брода беше полесно повреден во нога додека ловел риба помеѓу грчкиот остров Хиос (турски: Сакиз) и областа Карабурун во Измир, западна Турција, во вторникот вечерта“, се вели во соопштението на Командата.
Се додава дека повредениот рибар е пренесен во болница во подрачјето на Чешме во Измир.
„Пукањето врз беспомошни рибари од страна на грчките сили е неприфатливо, тоа е злосторство против човештвото“, се истакнува.