Muhammed Gencebay Gür
04 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турски пациент кој боледува од рак, а живее во германскиот град Касел, е донесен на лекување во Истанбул рано утринава со амбулантен авион испратен од Министерството за здравство на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот кој го превезувал турскиот пациент Ахмет Демирај, слета на Аеродромот „Ататурк“ во 00:30 часот.
Потоа пациентот е пренесен во приватна болница каде што ќе му биде укажана лекарска помош.
Во изјава за АА, ќерката на Демиреј, Рејхан, рече дека тие поднеле петиција до Генералниот конзулат на Турција во Франкфурт да биде префрлен во Турција, откако нејзиниот 64-годишен татко не можел да добие соодветно лекување во Германија.
„На 23 јануари на татко ми му се слоши дома, па повикав медицински лица. По прегледите се обидоа да се ослободат од нас велејќи дека не треба да го носиме во болница, туку кај нашиот матичен лекар“, раскажа таа.
Рече дека откако инсистирала, успеале да го хоспитализираат нејзиниот татко, додавајќи дека немало опција да се избере болница во Германија.
Рејхан рече дека била сведок дека нејзиниот татко не можел да добие добра нега во болницата во Германија.
Раскажа дека докторот на нејзиниот татко ѝ рекол: „Демирај има рак. Нема лек за тоа, нема операција. Сакаше да го однесеш татко ти во Турција. Каде би сакала да почине твојот татко?“
Таа им се заблагодари на турските власти за транспортот на нејзиниот татко во Турција.