Utku Şimşek
11 Јануари 2024•Ажурирај: 12 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Турските власти во Истанбул уапсија десет осомничени кои ги бара Интерпол за обвиненија поврзани со организиран криминал, објави денес министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, јавува Анадолу.
„Во операцијата КАФЕЗ-30 во Истанбул се уапсени десет лица барани од шест земји, по кои се распишани црвени потерници од Интерпол“, објави Јерликаја на социјалната мрежа Х.
Нагласувајќи дека борбата против меѓународниот организиран криминал и шверцерите на дрога ќе продолжи, Јерликаја истакна дека уапсените се барани од Иран, Јужна Кореја, Сирија, Кина, Узбекистан и Швајцарија.
Тој додаде дека операцијата ја воделе полициските сили задолжени за спречување на криумчарење мигранти, и дека обвиненијата против уапсените се движат од измама, перење пари и коцкање до криумчарење мигранти и трговија со луѓе.