Muhammed Enes Çallı
11 Јануари 2024•Ажурирај: 12 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије основа Национална академија за разузнавање организирајќи церемонија по овој повод на која присуствуваше шефот на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин, јавува Анадолу.
„МИТ ќе продолжи да игра клучна улога во заштитата на турската држава и нација, како и во поттикнување на регионалниот мир и глобалната стабилност“, рече Калин на 97-годишнината од основањето на МИТ во Анкара.
„Во оваа прилика, со задоволство го објавувам формирањето на Националната академија за разузнавање за да придонесе Туркије да стане истакната земја во теоријата и методологијата на разузнавањето“, рече Калин.
„Би сакал да изразам посебна благодарност до нашиот претседател (Реџеп Таип Ердоган)“, додаде шефот на МИТ.