Sezgin Pancar
21 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
МЕРСИН (АА) - Седум лица се приведени во јужна Турција поради сомненија за поврзаност со терористичката организација ДАЕШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицискиот оддел во турската област Мерсин соопшти дека спровел операција против терористичката организација и дека осомничените се приведени на различни адреси.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДАЕШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го изгубија над 300 лица, а стотици беа повредени и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да ги спречи понатамошните напади.